Арнолд Шварценегер уште еднаш “покажа мускули”, но на поинаков начин. Актерот, познат како Терминатор, поранешен бодибилдер и гувернер, снимил рап песна, објави “Дејли Стар”.
71-годишниот Шварценегер снимил хип-хоп парче заедно со австрискиот пејач Андреас Габалие, инспириран од животот и кариерата.
Со мотивациската рап песна под наслов “Pump It Up” и видеото кон неа, ѕвездата од “Терминатор” се надева дека ќе ги поттикне слушателите и гледачите, раскажувајќи ја сопствената историја – за подемот од роден во Австрија бодибилдер до една од водечките ѕвезди на Холивуд и гувернер на Калифорнија.
Главниот наратор е, всушност, Габалие, кој пее и рапува, додека Шварценегер се вклучува со епизодичен рап. Песната, исто така, ги прикажува култните реплики на Арнолд Шварценегер “Ќе се вратам” и “Хаста ла виста, бејби”.