Ародромци на врвот на листата според борјот на заразени со коронавирус

од Берта Китинска
378 прегледи

Најголем број од новите случаи на Ковид во земјава иам во Скопје, односно 37  лица, а двоцифрена бројка на новозаболени има и во Куманово – 18 и во Тетово -13. Во останатите градови вчера беше регистриран едноцифрен број на новозаболени.

Скопје има најголем број на активни случаи, а од скопските општини на прво место е Аеродром со 94 случаи, Гази Баба и Карпош имаат по 71 случај, Центар 68, а во Чаир има 55 активни случаи.

Вчера во земјава починаа пет пациент болни од Ковид-19, вкупната бројка на починати во Македонија се искачи на 642.

Најмладиот од починатите регистрирани во последниот билтен на Министерството за здравство е на 46-годишна возраст од Македонски Брод. Останатите се на возраст од 58 години од Штип, 69 години од Гостивар и двајца се на возраст од 84 години. Од нив, едниот е од Прилеп, а другиот од Охрид.

Во истиот периот беа регистрирани 142 нови случаи на позитивни, од 1.542 тестирања, со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 15.555.  Бројката на оздравени пациенти е 12.994.

 

Слични содржини