Аронија, плод кој ќе ви помогне да останете здрави

од Elena Daskalova

Аронијата е богатство од хранливи материи и антиоксиданти. Од аронијата најчесто се приготвува сок, мармалад, џем и сируп. Поради лесната расипливост, препорачливо е да ја чувате во замрзнувач или да ја консумирате сушена.

Од аронијата се приготвуваат вкусни мафини и торти. Исто така, аронијата се употребува за приготвување на вкусен и здрав чај. Аронијата e богатство од минерали и витамини и содржи ниско ниво на шеќер.

Здравствените придобивки се многубројни, ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува крвните садови, го подобрува колагенот, спречува алергии, го зајакнува респираторниот систем, го подобрува дигестивниот систем, го подобрува здравјето на желудникот, го штити црниот дроб, спречува појава на хронични заболувања…

Сушената аронија е богата со влакна. Тоа ќе придонесе за здрави црева и редовно одење во тоалет. Намалете го нивото на холестерол, изгубете ги килограмите, но во исто време одржете го нивото на шеќерот во крвта.

Аронијата има и антивирусни својства и големо количество на витамин Ц. Употребувајте сушена аронија, чај од аронија или сок од аронија.

Доколку имате свежи плодови, добро исчистете ги, за да бидете сигурни дека нема скапани зрна, пред да ги смрзнете. Сувата аронија чувајте ја на суво и темно место.

Слични содржини