Арсенал донесе големо засилување, Жезус „побегна“ од Манчестер

од Nikola Popovski
164 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жезус ќе стане нов играч на Арсенал, а лондонскиот клуб за овој трансфер ќе одвои 50 милиони евра, пренесуваат британските медиуми.

Жезус сметаше дека сигурно ќе има ограничена минутажа во Сити по доаѓањето на Ерлинг Холан, поради што реши да го смени клубот.

Важна улога во неговиот трансфер во Арсенал имаа техничкиот директор на „топчиите“, Еду, како и менаџерот на лондонскиот клуб, Микел Артета.

Жезус минатата сезона постигна осум гола на 28 натпревари во Премиер лигата.

Бразилецот е четвртото засилување на Арсенал во летниот преоден рок по Маркињос, Мет Тарнер и Фабио Виеира.

Во Манчестер Сити пристигна во 2017 година, а претходно играше за бразилски Палмеирас.

 

Слични содржини