Арсенал испрати понуда за ѕвездата на Италија

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Арсенал испратил понуда за италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори, тврди „Кориере дело спорт“.

Дефанзивецот на Болоња одигра многу силно европско, но беше казнет за осминафиналето со Швајцарија и неговиот тим загуби.

Сепак, тој го привлече вниманието и сега се вели дека лондончани се во пол-позиција за неговиот потпис, откако веќе му понудија на неговиот актуелен клуб 40 милиони фунти (околу 47 милиони евра) за неговиот потпис.

Болоња одбиваат под 50 милиони евра, така што разликата не е голема и веројатно е дека „топџиите“ ќе се вратат со нова понуда.

Сепак, во Англија пишуваат дека понуда за играчот ќе даде и Челси, па борбата за него воопшто не е завршена.

Сепак, тимот од Лондон останува во подобра позиција за дефанзивецот бидејќи можат да му понудат фудбал од Лигата на шампионите, додека со Челси тој нема да игра на турнирот претстојната сезона.

Слични содржини