Арсенал испрати прва понуда за Дејан Кулушевски

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Арсенал ја испрати првата понуда за крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски. Од „Емирати“ имаат голема желба да го привлечат Швеѓанецот со македонско потекло во својот состав и веќе почнале да работат на таков договор, пренесе „Ла Република“.

Понудата на Арсенал е вредна 30 милиони евра, плус уште 5 милиони бонуси. Понудата е нешто пониска од цената што ја одреди Јувентус. Тимот од Торино сака да добие 40 милиони за да се раздели со Кулушевски.

21-годишниот талент беше привлечен од Аталанта во јануари 2020 година за 35 милиони евра, но беше оставен да ја заврши сезоната во Парма на позајмица. Следната сезона, Швеѓанецот запиша 47 натпревари и 7 гола на своето конто за „Старата дама“.

За време на тековната кампања, сепак, неговата форма драстично опадна. Има одиграно 17 натпревари и досега има само 1 гол. Затоа „бјанконерите“ се подготвени да преговараат за негова продажба, се додека добијат доволно добра сума.

Слични содржини