Арсенал му ја „мати“ главата на Алегри

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алиги, останува цел број 1 за англиски Арсенал. Според „Сан“, 50-годишниот специјалист од Ливорно дал збор да ги преземе „топџиите“, ако Арсен Венгер го напушти тимот во текот на летото.

Венгер, кој го води Арсенал од 1996 година, неодамна изјави дека нема да замине, и ќе го спаси Арсенал од кризата. Алегри има договор до 2020 година со гигантот од Торино, но според публикацијата на „Сан“, тој учел напорно англиски и бил искушуван од идејата да работи на Островот.

Алегри беше прифатен со резерви во Јувентус, но ја освои почитта на тифозите откако го изведе тимот до две финалиња во Лигата на шампионите во последните три години, комбинирано со титули во Серија А и Купови на Италија.

Во текот на неделата, Италијанецот ја почувствува англиската атмосфера на гостувањето кај Тотенхем во меч од 1/8-финалето на ЛШ, освоен од неговиот тим со 2: 1.

Слични содржини