19
Арсенал повторно е во „пол-позиција“ во трката за потписот на српскиот фудбалер Душан Влаховиќ од Јувентус, пренесуваат англиските медиуми.
Се дознава дека лондонскиот клуб е подготвен да и плати на „Старата дама“ на лето 40 милиони евра.
Влаховиќ го загуби местото во стартните единаесет со доаѓањето на Кол Муани од Пари Сен Жермен, а раководството сака да врати дел од вложените пари при доаѓањето од Фиорентина, а понудата на Арсенал е половина од 80-те милиони платени оттогаш.