Арсенал имаше фантастичен почеток на новата сезона во Премиер лигата во која е еден од главните фаворити за напад на шампионската титула, а исто така заврши и феноменален преоден рок, но сепак не планираат да престанат со привлекување играчи.
Имено, инсајдерот Дејвид Орнштајн денес објави дека Арсенал го контактирал Баер Леверкузен за да се распраша за еквадорскиот дефанзивец Пјеро Хинкапи.
23-годишниот Хинкапи блескаше во дресот на „аспирините“ неколку сезони, а беше член и на познатата шампионска генерација.
Леверкузен го донесе Хинкапи пред четири години од аргентинскиот КА Талерес, на кого му платија 6,3 милиони евра обештетување.
Сега вредноста на Еквадорецот се проценува на десет пати поголема од таа сума и се очекува Баер да побараат 60 милиони евра на почетокот на преговорите.
Најжестокиот ривал на Арсенал од Северен Лондон, Тотенхем, на кого исто така му е потребен дефанзивец, е исто така во трка за потпишување на Хинкапи.
За потсетување, Арсенал веќе потпиша со Виктор Ѓекереш, Нони Мадуеке, Мартин Зубименди, Кепа Аризабалага, Еберечи Езе, Кристијан Норгард и Кристијан Москера ова лето.
Трансферот на Хинкапи во Арсенал зависи и од продажбата на Јакуб Кивиор, Полјак кого Јувентус и Порто сакаат да го доведат во своите редови од „Емирати“.