Арсенал преговара за „новиот Озил“

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Арсенал веќе стапил во контакт со претставниците на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, пренесува Sport.es.

Според изворот, лондончани во ваквата зделка гледаат паралели со трансферот на Мартин Јодегор во англискиот клуб. Во јануари 2021 година, „топџиите“ го земаа Норвежанецот на позајмица, а шест месеци подоцна го купија од Реал Мадрид.

Ѓулер му се приклучи на Реал Мадрид во летото 2023 година од Фенербахче за 20 милиони евра, а договорот му е до летото 2029 година.

На младиот турски талент Карло Анчелоти ретко му дава можност да настапи. Сезонава стартуваше само на три натпревари, а во останатите главно влегуваше во завршните минути. Според „Sport“, Арда е незадоволен од статусот во својот клупски тим и сака промена.

Слични содржини