Арсенал размислува за понуда за играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали, доколку не успее да го добие фудбалерот на Лестер, Јури Тиелеманс.
„Топџиите“ продолжуваат со својата селекција, при што приоритет на Микел Артета сега е да најде квалитетен внатрешен играч од средниот ред. Неговиот прв избор е Тилеманс, но во оваа фаза преговорите со „лисиците“ одат тешко. Токму поради оваа причина клубот разгледува алтернативни опции, а една од нив е Тонали, пишува „Дејли Стар“.
22-годишниот италијански талент по квалитет го споредуваат со легендата Андреа Пирло. Тој беше потпишан во Милан од Бреша во 2020 година и брзо стана важен играч за „росонерите“, со веќе 83 настапи и 5 гола и 3 асистенции за клубот. Тонали има и 11 натпревари за италијанската репрезентација. Неговиот договор е до 2026 година, а неговата цена на пазарот моментално е околу 50 милиони евра.
Во меѓувреме, Арсенал има уште една опција за средниот ред. Станува збор за младиот талент на Брајтон, Мојсес Каиседо, кој импресионираше со своите настапи од почетокот на сезоната со „галебите“.