Тонали сега на удар и кај Англичаните поради обложување

од Симе Стоиков

Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.

Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.

Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч од средниот ред го прекрши правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.

На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.

„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението на клубот лиферувано до медиумите.

Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.

Слични содржини