Раководството на Арсенал ќе направи се што е во нивна моќ за да доведе нов напаѓач во летниот преоден рок. Лондончани покажуваат сериозен интерес за стрелецот на Наполи, Виктор Осимен, пренесува италијанското издание II Roma.
Проблем за Арсенал може да биде тоа што и Пари Сен Жермен има апетит за Осимен. Парижаните ослободија сериозни средства откако нивната голема ѕвезда Килијан Мбапе го напушти клубот и моментално имаат сериозни финансии за нови трансфери.
Осиммен од своја страна на крајот на минатата година потпиша нов договор со Наполи, а клубот во неговиот договор стави импресивна откупна клаузула од 130 милиони евра.
Откако му се приклучи на Наполи од Лил во 2020 година, Осимен стана клучен играч за небесносините, постигнувајќи извонредни 76 гола на 133 настапи.