241
Арсенал ја завршил оваа седмица уште посилно, откако го победи Ватфорд со 3-0 во 30-тото коло од шампионатот и така ја прекина серијата од 3 последователни порази во Премиер лигата.
По успехот на Милан во четвртокот, „топџиите“ покажаа добра игра повторно, и иако имаа некои проблеми, успеаја да постигнат убедлив триумф.
Пјер-Емерик Обамејангг запиша гол и асистенција, а Мустафи и Миктаријан исто постигнаа гол. Со победата, тимот на Арсен Венгер има 48 поени, но останува далеку од топ 5. Ватфорд е со 36 бода на 10. место.
Сепак, голманот Петр Чех беше во центар на внимание откако прво одбрани пенал, што му се случува ретко, а потоа успеа да запише сува мрежа бр. 200 во својата кариера.