Фудбалерот на Арсенал и капитен на клубот, Пјер-Емерик Обамејанг откри дека поминал неколку дена во болница откако се заразил со маларија.
Тој дошол во контакт со вирусот за време на неговиот престој во родниот Габон, каде играл за репрезентацијата на неговата земја.
„Од ден на ден се чувствувам подобро благодарение на одличните лекари кои брзо го открија и лекуваа вирусот. Ќе се вратам наскоро посилен од кога било“, напишал Обамејанг на својот Инстаграм профил.
Од враќањето од репрезентативната пауза, тој одигра два натпревари за Арсенал – против Ливерпул во Премиер лигата на 3 април и против Славија од Прага на првиот натпревар од четвртфиналето во Лига Европа, но не беше во победата над Шефилд Јунајтед, како и на вчерашниот реванш дуел против Славија во Прага, кој топџиите го добија со 4:0, со што се пласираа во полуфиналето од Лигата на Европа.