Владеачката СДСМ обвинува дека градоначалничката Данела Арсовска не предвидела ниту денар за Буџетот за 2022 за справување со енергетската криза и за затоплување на скопјани.
-Нејзиниот одговор дека не можела да го врати времето назад е грубо потценување на граѓаните на Скопје. Без срам и перде за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, а сега Арсовска бега од предизвиците што ги носи енергетската криза. За се што е во интерес на граѓаните Арсовска се иззема и вели дека не е надлежна. Тоа нечесен и неодговорен однос кон градот и неговите граѓани, велат од партијата преку соопштение.
Според СДСМ очигледно е дека Арсовска не е способна и не може да ги реши проблемите на скопјани па затоа постојано бара оправдување за нејзината неспособност.