Арсовска до советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Лицемери, не може нешто што вчера сте застапувале денеска да кажувате дека не чини

од Берта Китинска

Генералниот секретар до пред некое време, мислам две недели, беше човек кој што е ваш близок. Кога замина од тука се заблагодари на партијата и претседателот наместо на Градот и граѓаните, вели градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска која им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни.

Додаде дека треба да престанат да саботираат, и само декларативно да се залагаат за модерно Скопје.

-Требаше да го прашате зошто не реализирал се ова што требало бидејќи тој беше еден од лицата, непосредно надлежен за овие реализации. Ве молам да се однесуваме како што треба. Не може нешто што вчера сте застапувале денеска да кажувате дека не чини, вели Арсовска.

Слични содржини