Арсовска ги нарече „инфлуенсери“ скопските градоначалници, побара да си ги исчистат нивните општини

од Nikola Popovski
464 прегледи

Коалицијата ДПМНЕ-СДСМ наместо да се фатат со работа, се сликаат по градските улици како инфлуенсери и прават политички игри, вака првиот човек на Град Скопје, Данела Арсовска ги обвини градоначалниците на сите општини кои се дел од главниот град.

Градоначалничката потенцира дека сите тие се власт во градот и државата и треба да си постапуваат согласно одговорностите.

-Наместо да глумат инфлуенсери и да излегуваат по градов и да се снимаат и сликаат. Нека си ги исчистат прво нивните населби, а потоа нека кажуваат, рече Арсовска на денешната прес-конференција.

Градоначалничката истакна дека не се плаши од реакциите.

-При нивното вработуваење, непотизмот не бил третиран. Не навлегувам како некој бил избиран порано, но мора да се расчисти со оние кои што не одат на работа, а земаат плата. Половина град ги знае, 15 години биле само трета смена и никој од нив не се појавил на работа во трета смена. 35% повисока плата од секој друг вработен, а ниту еден час не се појавиле на работа – трета смена, некој да ме гледа, нема кој да ме запише, категорично одговори Арсовска.

Слични содржини