Арсовска: Мигрантите од опасни земји како Авганистан ќе се испраќаат кај нас, време е за став

„Дали на било чија изборна платформа слушнавте увоз на мигранти и дали гласавте за вакво нешто“, прашува екс-градоначалничката Арсовска

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Екс-градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со своја реакција по пишувањата на британските медиуми дека Обединетото Кралство е во преговори со Македонија за формирање центри за депортација на мигранти. Арсовска ги прашува граѓаните „дали на било чија изборна платформа слушнавте увоз на мигранти и дали гласавте за вакво нешто?“.

Екс-градоначалничката упатува критики кон актуелната централна власт, истакнувајќи дека земјава не смее да стане „пункт на туѓи мигрантски политики“.

„Британија во разговорите со Македонија договара хабови за ИЛЕГАЛНИ мигранти, а ќе се плаќа за секој мигрант. Пакетот вклучува и „инвестиции“ и „безбедносна помош“.

Министрите во Британија велат дека ова е „нова важна иновација“, а Македонија е „решението“ за справување со мигрантските банди. Што значи ова? Мигрантите од опасни земји како Авганистан, ќе се испраќаат кај нас. Нема да бидат задржани, ниту ограничени, што значи слободно ќе можат да се движат. Ќе се охрабруваат да бараат работа во сектори како градежништво каде има дефицит на работници. Во последните 12 месеци бројката на нови илегални мигранти во Велика Британија е над 45.659. Македонија не смее да стане пункт на туѓи мигрантски политики. Време е за поставување прашања и време е за став“, се вели во реакцијата на Арсовска.

Слични содржини