Арсовска: Мостот „Беласица“ наскоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај

од Vladimir Zorba
534 прегледи

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во интервју за Канал 5 ТВ најавува дека мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден.

Според неа дека во извештаите од Приватниот институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележано во ниту еден дел на мостот изложеност на каблите за пренапрегање туку се скриени со заштитен слој на бетон.

„Некои сериозни оштетувања на самиот мост нема, можам да кажам дека тоа е нешто минорно што се случи на тој мост и сега во овој момент очекуваме од страна на ЕСМ која во овој момент е надлежна за цевките од топловодот што поминуваат кои треба да се отстранат. Потоа мостот веќе со ситна санација се става назад во функција“, вели Арсовска.

Слични содржини