Арсовска на гости кај Станивуковиќ – Скопје и Бања Лука ќе се збратимуваат

од Vladimir Zorba
212 прегледи

На покана на градоначалникот на Бања Лукa, Драшко Станивуковиќ, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска имаше официјална работна средба на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

Градот Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, и постои огромен потенцијал за развој на трговската размена и економијата, за што Скопје и Бања Лука покренаа иницијатива за збратимување на двата града.

Воедно, се договори соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од взаемен интерес на двата града, во областа на културата, образованието, спортот, туризмот, економијата и животната средина, соопштија од Градот.

Самата Арсовска претходно сподели фотографија од дружењето со Станивуковиќ и градоначалникот на Никшиќ, Марко Ковачевиќ на тенискиот турнир АТП Српска Опен 2023 кој се одржа во градот.

Слични содржини