Арсовска не информира до каде е состојбата со Универзална сала, вели министерката Стојчевска

од Nikola Popovski

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска информира дека нема никаква повратна информација од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за Универзалната сала и до каде е состојбата со градежните активности, откако неодамна имаа средба заедно со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

-Морам да апелирам дека Град Скопје е влезен во најтесниот круг за добитник за наградата „Европска престолнина за култура“ за 2028 година. Апелирам проблемот со Универзална сала да се реши. Ќе иницирам нов состанок со градоначалничката бидејќи мораме заедно и Град Скопје и Влада да работиме на таа апликација и програма затоа што е од национален интерес, рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во Владата.

Министерката истакна дека како Влада понудиле помош и извести дека после празниците ќе побара да се одржи уште еден состанок со Арсовса.

На 16-ти ноември годинава Пенов информира дека имаат комплетна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура. Сепак истиот ден, Градот Скопје соопшти дека околу ова прашање Градот ќе изјасни откако ќе добие официјално барање од министерството.

-Денес на заедничка средба во градот Скопје помеѓу градоначалничката Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа г-дин Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, донесовме заеднички заклучок дека изградбата на Универзалната Сала во Скопје е од исклучителен интерес за скопјани, но и за цела Македонија. Се договоривме дека во следните денови ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за истото ќе ни се обрати министерството со писмено барање за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање. Универзалната сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно, истакнаа тогаш од Кабинетот на Арсовска.

Слични содржини