Арсовска: Никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот

од Берта Китинска
255 прегледи

Оваа недела вашиот глас одлучува за иднината на Скопје. Одлуката сега е ваша дали нашиот град ќе продолжи да стагнира или ќе се движиме сите заедно напред за чист, организиран и зелен модерен европски град. Ова е одлуката што треба да се донесе за нашиот град, за наше Скопје, вели во своето обраќање, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

-Видовме дека некому политичките кариери му се поважни од граѓаните. Видовме силна црна кампања иницирана од градоначалникот во заминување каде се вклучи и лично самиот премиер. Видовме срамна црна кампања со лаги, фалсификувани документи, па дури и лични закани кон мене и моето семејство. Но, јас не се плашам. Ние скопјани не се плашиме. Бидејќи никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот. Никој не може да ја сопре промената на позитивно, потенцира Арсовска и додава:„Од вас барам поддршка бидејќи знам дека заедно можеме Скопје да го направиме модерен град. Со вашиот глас за мене ќе кажете не на понижувањата, на досегашните лаги, на неисполнетите ветувања.

Слични содржини