471
На денешниот брифинг со новинарите градоначалничката Данела Арсовска кажа дека за новогодишната прослава на 31 декември ќе се погрижат македонски изведувачи со кои се уште се преговара.
-Наша желба како Град Скопје е да има прослава со македонски изведувачи. Во моментот сме во преговори, во секој случај да не го чини Градот Скопје, туку да го направиме од аспект на тоа како што беше и делот со украсувањето со помош од општествено одговорни компании кои би придонеле, вели Арсовска.