Универзална сала ќе ја преземе министертсвото за култура. Градоначалничката Данела Арсовска одлучи да ја предаде концертната сала на Владата за да ја заврши реконструкцијата.
Универзална е затворена пред седум години.
„Донираната проектна документација за реконструкција на Универзална сала, во периодот на мандатот на претходниот состав на Советот на Град Скопје (2017-2021), не соодветствува со состојба на терен при изведбата, нотирано со записници од 6, 7, 8 и 9 месец 2021 година. Поради тоа што нема можност да се продолжи со измени во тек на градба, затоа што законот тоа го дозволува само во случај на градба, а не и при реконструкција како во конкретниот проект, а соодветно на донесениот Заклучок на Советот на Град Скопје, како и во согласност со позитивните законски прописи, во надлежност на Советот на Град Скопје е да ја донесе Одлуката за пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала во Скопје“, се вели во одлуката предложена од Арсовска.