Арсовска: Само со труд, пожртвуваност и посветеност може да направиме добри дела за Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Делото на Св.Климент преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеност се постигнува многу и може да се придонесе за општество базирано на принципи и вредности. Само со труд, пожртвуваност и посветеност може да направиме добри дела, за нашето Скопје, нашата Македонија и нашиот народ, со меѓусебно почитување и постојана работа, објави на својот профил на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Денешниот ден, денот кога го празнуваме најголемиот просветител Св.Климент, нека биде ден кога ги чествуваме просветителите и учителите, сите кои како и Св.Климент не учат на најважните принципи во животот – чесност, труд, непокор и посветеност.

Дозволете денешниот голем ден да го честитам на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Светиот Синод при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на сите граѓани на градот Скопје и Република Македонија“, напиша Арсовска.

Слични содржини