Арсовска: „Владата одвои нула денари за проектите на Град Скопје, а на овој кој не смее да му писне никој за криминалот му финансираат 17 проекти“

Арсовска: Владата не поддржа ниту еден проект на Град Скопје

од Nikola Popovski
97 прегледи

Со вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, од Владата денеска соопштија дека се склучуваат договори со локалните власти за вкупно 828 проекти, во вкупна вредност од 13 милијарди и 868 милиони денари, или приближно 225 милиони евра. Сепак, од Град Скопје информираат дека од „Илинденска бр.2“ не поддржале ниту еден нивен проект.

Според градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Владата на Република Македонија не поддржа ниту 1 проект односно одвои 0 денари за проектите на Град Скопје за противпожарни возила, за систем за рана детекција за пожари и уште 18 други проекти за доброто на граѓаните.

-За овој на кој не смее никој од Влада да му писне за криминал утврден со докази доставени до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, му финансираат 17 проекти со кредит кој ќе го враќаат граѓаните во следната деценија, порача Арсовска, упатувајќи иронични „честитки“.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу објави дека Владата одвоила финансиски средства за 17 развојни проекти кои ќе се реализираат во текот на годината. Овие инвестиции, според него, опфаќаат проекти во клучни области како што се патната инфраструктура, јавното осветлување, образовните објекти, водоводната и канализациската мрежа, како и урбаната ревитализација.

Слични содржини