Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори во Студио 10 на ТВ24, вели дека со Законот за легализација на дивоградбите е лош сигнал не само кон бизнисот туку кон сите.
-Се е перспективно да се работи во Македонија затоа што сме земја со идеи, но луѓето се обесхрабруваат кога ќе видат дека има проблеми во системот.Еден од таквите примери е Законот за легализација на дивоградби според кој ќе им се овозможи да продолжат да работат оние кои биле спротивно на прописите, а оние кои работеле согласно законот во овој случај ќе бидат оштетени. Ова е лош сигнал не само кон бизнисот туку кон сите.Пред се е лош сигнал за ЕУ. Затоа е потребен систем, со кој нема да се врати стариот закон повторно и сега да имаме 50 илјади семејства кои се загрозени, нека се кажат кои да ги видиме и доколку е така тогаш општеството ќе ги аминува, но не верувам дека толку ги има.Не е во ред сега да се амнестираат случаи од минатото, вели Арсовска.
Таа смета дека пратениците нема да се повлечат за гласање на законот кој е вратен од страна на шефот на државата.
„Не мислам дека ќе се повлечат, но би било паметно тоа да го направат“, вели Арсовска.