Арсовски: Имињата на владините хонорарци ќе бидат достапни од понеделник

од Nikola Popovski
362 прегледи

„После консултациите во владата, востановено е дека преовладува јавниот интерес и дека овие имиња на хонорарците може да се објават, така да сите од понеделник преку слободен пристап за информации од јавен карактер, може да се добијат“, изјави вечерва владиниот портпарол Душко Арсовски за емисијата „360“.

Според него, тие имиња апсолутно не се тајна, туку дека како влада само ги следеле законите.

„Во однос на тие лица мора да се има предвид дека тоа не се именувани функционери, не се вработени и затоа треба да се следат другите закони во однос на заштитата на идентитетот. Затоа тука се институциите, кои не се под ингеренции на владата. Насоките од таму укажуваат дека имињата на хонорарците се заштитени поради тоа што тие луѓе не се вработени во владата и затоа моравме да направиме дополнителна консултација“, дополни Арсовски.

Слични содржини