Арсовски: Не се откажуваме од ветингот во правосудството

Портпаролот на Владата, Душан Арсовски посочи дека не се откажува од најавениот ветинг во правосудството.

Имено, оваа година се отпочнати постапки против 83 судии, а како причини се наведуваат застареност и несоодветно постапување по предмети и слично.

Во своето излагање, Арсовски појасни дека државата може да даде само времена рамка за овој процес, а самиот процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

„Државата не може да ја направи филтрацијата. Овој процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Државата може да даде само временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019 до 2020 година само Судскиот совет разреши осум судии, а оваа година се почнати постапки за 83 судии. Причините се застареност на предмети, несоодветно постапување по предмети и слично“, рече Арсовски.

Тој исто така, признава дека целиот процес малку изгубил на интензитет поради пандемијата бидејќи дел од судиите се заразени или во само изолација поради контакт со заболен.

„Како и да е, Владата е се откажува од овој процес и тоа ќе биде остварено“, порача Арсовски.

Арсовски на прашање, што е проблемот со веб страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, одговори дека страната е во изработка и за кусо време ќе биде функционална, како на македонски и на англиски јазик.

 

 

Слични содржини