Арсовски: Не верувам дека многу брзо ќе се знае конечниот состав на владата

од Aleksandar Petrovski

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во разговор за Канал 5 истакна дека се уште е рано да се заклучи кој ќе биде дел од новата влада.

-И покрај најавите на сите поголеми партии дека влегуваат во преговори за состав формирање влада не верувам дека многу брзо ќе се знае конечниот состав на владата. Повеќе сум на мислење дека ќе истечат оние две недели кои ги предвидуваат политичарите додека не се знае владата. Не сум сигурен дека претседателот Пендаровски брзо ќе го даде мандатот бидејќи мислам дека ќе бара дополнителни уверувања имајќи предвид дека бројките може да отидат на двете страни. Преговорите ќе бидат малку покомплицирани бидејќи не е едно партитна ниту двопартитна владата која ќе се составува. Не мислам дека брзо ќе се случи.

За составот на владата уште покомплицирано да се предвидува бидејќи можни се секакви комбинации.
Постои можност ДУИ да отпадне, за тоа треба парламентарни групи од повеќе партии, но за такво нешто треба дел од пратениците на вмро-ДПМНЕ да и дадат поддршка на владата на СДСМ

Тешко е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие прва шанса за мандат. Верувам дека СДСМ и нивната коалиција ќе ја добијат првата шанса за мандат. Ако таа пропадне се разбира следува таа на Мицкоски.
Најголеми се шансите меѓу СДСМ и ДУИ, тие се стандардни партнери и покрај тензиите, во последен период гледаме смирувачки пораки особено од ДУИ, рече Арсовски.

Слични содржини