Арсовски: Нема потреба од нов или анекс на договорот со Бугарија

од Берта Китинска
207 прегледи

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, смета дека Договорот од 2017 година   е добра основа и рамка за да продолжат разговорите во насока на изнаоѓање решенија, а ставот на Владата е дека нема потреба од нов договор или од анекс.

Според Арсовски веќе е јасно дека македонскиот јазик и идентитетот се факти потврдени од ОН и Владата смета дека за ова не треба да има дилема.

Во однос на спорот со Бугарија и со кои црвени линии нашата држава разговараше на средбата во Берлин во понеделникот, портпаролот Арсовски повтори дека премиерот Заев денеска ќе разговара со канцеларката Меркел.

 

 

 

Слични содржини