Арсовски: Владата е подготвена да разговара за декриминализација на канабисот

од Берта Китинска
183 прегледи

Владата е подготвена да разговара  за декриминализација и депенализација на канабисот. Таа е отворена во секој момент да разговара за суштински решенија за декриминализација и депенализација преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци  одговори на новинарско прашање  портпаролот на Владата, Душко Арсовски

„Треба да се видат ефектите од користењето, системот за контролирање, како ќе се контролира/изведе, ова е процес каде е неопходен ставот на сите. Од Владата е предложено донесување на измени и дополнување на Законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цветот канабис за медицински цели кои со ќе се поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места. Во овој момент одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за истото, издадено од Министерството за здравство, а претходно со добиено согласност од Владата. Досега има издадено 55 одобренија, на фирми за одгледување канабис за медицински цели, додека 17 имаат поднесено барање кои се на повторен увид во владина процедура“, изајви Арсовски.

Слични содржини