Арсовски: Владата поспоро ги исполнува своите обврски, нема некој драматичен успех

од Nikola Popovski
48 прегледи

Владата поспоро ги исполнува своите обврски и пополека оди. Некој драматичен успех нема, ни што е право 100 дена можеби не се доволни за некои од политиките да ги видиме, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски за отчетот на 100-те дена од Владата.

Арсовски посочува дека „не сме импресионирани од тоа како Владата побрзо се постави на шини и почна да ги спроведува своите сопствени приоритети“.

-Некако чудна комбинација на исчекување и можеби нетрпеливост кај јавноста после 100 дена од Владата, рече аналитичарот во емисијата „Топ тема“.

За вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски на отчетот во Владата, Арсовски истакнува дека нема големи забелешки, но проблемот вели дека имиџот и впечатокот на јавноста од владеењето на партијата на власт не се прави само од говори.

-Премиерот сака да проектира слика на поголема умереност и поголемо државничко однесување. Говорот беше подобар од просекот на говорите на ВМРО-ДПМНЕ, но проблемот е етноцентристичката и антагонистичката реторика кон меѓународната заедница, кажа аналитичарот.

Слични содржини