Арсовски за случајот со Рашковски: Владата ќе ја достави документацијата за набавката на софтверот

од Nikola Popovski
314 прегледи

„Документацијата со која располага Владата за набавката на сообраќајниот софтвер зад која стои Рашковски ќе биде доставена до истражните органи“, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Според него, како Влада затоа веќе упатииле повик и ги охрабруваат надлежните интитуции да ги спроведат сите постапки и да утврдат дали при набавката на овој софтвер се прекршени какви било процедури, правила.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција презеде дејствија во фаза на предистрага во предметот отворен по допрен глас во врска со набавката на софтверот и издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација.

Во меѓувреме Рашковски останува на одмор во Мексико од каде порача дека правните дилеми околу овој скандал очекува да ги расчистат истражните органи. Тој побара дебата со поранешниот технички министер во пржинската влада Наќе Чулев околу набавката на софтверот што се уште не се користи, но Чулев ја одби поканана, а предизвикот го прифати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Токму заради приликите, заради режимот во Македонија, јас лично ќе застанам пред Драги Рашковски, во име на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуел, за да го соочам пред јавноста со сите скандали тешки милиони евра. На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел“, рече Стоилковски.

 

Слични содржини