„Ова не е случај за владата, затворен е. Во решението на Комисијата повторно стои дека не треба да се објават имињата на овие луѓе. И покрај тоа, владата виде дека ова е од поголем јавен интерес. Штетата на личниот интерес е многу помала, во однос на јавниот интерес, бидејќи се јавни пари“, потенцира владиниот портпарол, Душко Арсовски во однос на прашањето зошто владата досега не ги објавила имињата на хонорарците кои се ангажирани од нејзина страна.
Според него, прашањата на БИРН пристигнале на крајот на март до пр-секторот на владата.
„Релативно се брзо се заврши. Сепак, мораме да имаме предвид дека во минатото овие луѓе биле потенцијална мета. Сме имале такви искуства, имињата на ангажираните да се линчуваат од разни партиски центри, ботови. Во секој случај, тие луѓе не го заслужуваат тоа“, вели Арсовски.
Хонорарците, како што откри БИРН, биле ангажирани преку Генералниот секретаријат на Владата кој има над 250 вработени, но при нивниот обид да ги добијат имињата на овие лица и основите за кои биле ангажнирани добиле одговор дека се работи за лични податоци.