Артан Груби го оправдува блокирањето на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Артан Груби го оправдува блокирањето на парламентот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека такво нешто правеле и ДУИ, но и СДСМ. Прашан за пораките на Туск и на високите претставници на Брисел за кризата, Груби во емисијата “200” на АлсатМ го повтори својот став дека кризата во Собранието може да трае подолго од очекуваното, па дури и до четири години.

„Имавме многу пораки од Брисел упатени особено до Иванов и до ВМРО-ДПМНЕ за да се деблокира ситуацијата, за да не се држат во заложништво граѓаните, но и економскиот развој и мирот во земјата. Но, тие се оглушуваат на апелите, бидејќи ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго и не само 2-3 недели како што мислевме на почетокот, туку според однесувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ова може да трае и неколку години. Ова пракса ја користеа и СДСМ и ДУИ. Ви текнува кога г.Талат Џафери го блокираше законот за “бранителите“ со недели?” – изјави Артан Груби – ДУИ

Скендер Реџепи од Движењето Беса, рече дека пораката на Туск беше јасна, дека Груевски ја уништува демократијата во земјава.

„Изјавата на г.Туск беше многу јасна. Во Македонија умира демократијата, ова и вака може да се разбере. Фактор за сето ова е раководството на ВМРО, кое постојано продолжува да го потхранува овој елемент“. – изјави Скендер Реџепи, Движење Беса

Потпретседателот на ДР-ДПА, Агон Ферати, рече дека Европа преку последните пораки на Доналд Туск, се оградува од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ.

“Пораките се однесуваат на партиите кои ги контролираат институциите, а граѓаните јасно се изразија на изборите дека повеќето од нив, и Албанците и Македонците ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ. На крај краишта главен наш донатор е Брисел, Централната банка, Банката за развој ” – изјави Агон Ферати, ДР-ДПА

Од СДСМ велат дека преку посети на високи претставници на ЕУ, Брисел бара од Иванов да не ги блокира понатаму демократските процеси, да покаже умереност и политичка мудрост. Претседателот Иванов и на вчерашната прес-конференција со Туск јасно стави до знаење дека нема да се откаже од одлуката за не давање на мандатот.

АлсатМ