Тренерот на Арсенал, Микел Артета, доби нова улога во светот на спортот, поточно делот што се однесува на создавањето и подобрувањето на спортската опрема, но и на поврзувањето на спортистите со брендот што овој Шпанец ќе го претставува во иднина.
Артета ќе се приклучи на Under Armour како директор за перформанси, а Шпанецот ќе учествува во развојот на производи, идентификувањето на таленти и лидерството во обид да се зголеми присуството на Under Armour во фудбалот.
Дополнително, Артета ќе има улога на ментор и лидер на бран спортисти кои потпишале договор со оваа компанија.
Партнерството помеѓу Under Armour и тренерот на Арсенал, исто така, ќе му овозможи на Артета да влијае на локалните заедници низ Лондон и да донесе позитивни промени во неговата околина.
Сепак, новата улога нема да ги наруши неговите планови целосно да се фокусира на својата улога во Арсенал и да се подготви за претстојната сезона, која „топџиите“ ќе ја отворат со натпревар против Манчестер Јунајтед.