Менаџерот на Арсенал, Микел Артета одби да ја исфрли својата екипа од трката за титулата во Англија и покрај тоа што „топџиите“ заостануваат со девет бода зад лидерот Ливерпул.
Лондончани беа многу блиску до титулата во последните две сезони, но ја загубија битката од Манчестер Сити, а оваа сезона Ливерпул на Арне Слот настапува на многу високо ниво и изгради солидно водство.
„Работите не зависат од нас. Но, ние мора да продолжиме да бидеме како чекан, да бидеме на линијата од ден на ден. Ако некој ги победи сите нивни натпревари, тогаш му честитаме и почнуваме да размислуваме за следната сезона. Но ако не успеат, иако досега на никој во историјата не му се случило тоа, ќе бидеме таму“, коментираше Артета пред денешниот меч со Брентфорд.
„Нашиот тим се надградува и се прилагодува на новите околности. Сега има нов – да играме повеќе натпревари со помалку играчи. Но, ние сме подготвени за тоа“, додаде шпанскиот стручњак.