Артета: Откажување од титулата? Само преку мене мртов

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата.

Така барем вели Микел Артета, иако предноста на Ливерпул е огромна. „Црвените“ имаат 11 бода и меч повеќе од Арсенал на девет кола пред крајот на првенството.

„Нема откажување од борбата за титулата. Само преку моето мртво тело“, истакна шпанскиот стручњак, а потоа дополнително објасни: „Ако престанам да верувам, ќе си одам дома, момци. Математички се уште е можно.

Арсенал во среда е домаќин на Нотингем Форест во вонредно коло, додека лидерот Ливерпул го пречекува Њукасл.

Слични содржини