Артета: Сака се враќа, ќе биде подготвен за мечот против Фулам

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека Букајо Сака ќе биде во конкуренција за тимот на натпреварот од 30. коло на англиската Премиер лига против Фулам.

Сака последниот натпревар за Арсенал го одигра на 21 декември минатата година во дуелот против Кристал Палас. Фудбалерот на Арсенал на тој натпревар заработи повреда на тетивата на десната нога, а потоа беше опериран.

„Букајо е подготвен. Се што требаше да се направи внимателно е веќе направено, сега е важно само постепено да се пушта на теренот – но тој инсистира да игра“, рече Артета.

Сака поради повреда пропушти 19 натпревари на Арсенал.

„Знаеме какво влијание има Сака врз тимот. Тој не играше во последните три месеци, но играше 48 месеци. Тој сака да биде во тимот, да игра, да тренира и да се натпреварува на највисоко ниво“, додаде Артета.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Фулам се игра во вторник од 20 часот и 45 минути. Фудбалерите на Арсенал се на второто место на табелата во Премиер лигата со 58 бодови.

Слични содржини