Артета се разбра за нов договор со Арсенал

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета постигна договор со раководството на тимот за продолжување на договорот, објави локалниот печат.

Новиот договор на Шпанецот ќе биде на три години до летото 2027 година и со тоа става крај на одредена неизвесност околу него бидејќи неговиот актуелен договор требаше да истече на крајот од тековната кампања.

Артета пристигна на „Емирати“ во 2019 година од Манчестер Сити, каде три години му беше помошник на Пеп Гвардиола.

Веќе на крајот од првата кампања го освои ФА Купот, а во последните две сезони заврши на второто место, водејќи тешка битка за титулата во Премиер лигата со „граѓаните“.

Тој досега на чело на „топџиите“ има 139 победи во 235 натпревари, а оваа вест сигурно ќе им даде дополнително позитивно засилување на неговите играчи пред неделното лондонско дерби против Тотенхем.

Артета помина и пет сезони во тимот на Арсенал како фудбалер, од кои во две беше капитен на тимот.

Слични содржини