Артета: Толку го сакам клубот што не предвидувам никакви проблеми околу новиот договор

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека има толку силни односи со клубот што не очекува пречки да потпише нов договор.

Актуелниот договор на 42-годишниот Шпанец истекува на крајот на сезоната 2024/2025 и се очекуваше да биде обновен на крајот од минатата кампања.

Артета го предводеше Арсенал на второто место во Премиер лигата, два бода помалку од шампионот Манчестер Сити минатата сезона.

„Во моментов нема ништо ново околу договорот. Она што не е променето е колку сум среќен, колку се чувствувам ценет овде и колку сакам да бидам дел од овој клуб“, изјави Артета во интервју за ESPN.

„Работите се случуваат природно и нашиот однос е толку добар што не предвидувам никакви проблеми. Но, сè треба да се развие на вистински начин и тоа ќе се случи“, додаде тој.

Слични содржини