Артета задоволен во Арсенал: Привилегиран сум што го водам овој клуб!

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е целосно фокусиран на својата работа и дека е исклучително среќен во тој фудбалски клуб, по обвинувањата дека тој е еден од кандидатите за тренер на Барселона.

Претседателските избори во Барселона ќе се одржат во недела, а една од кандидатите, Џоан Лапорта, кој е и најголем фаворит за вториот мандат на „Камп Ноу“, има намера да го донесе Артета, наместо досегашниот тренер Роналд Куман, пренесе каталонското радио.

Артета ја помина фудбалската академија во Барселона, но го напушти клубот во 2002 година откако не одигра ниту еден натпревар. Тој своевремено беше асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

„Секогаш ќе има шпекулации кога се одржуваат избори во Барселона. Тоа е одличен клуб, јас пораснав таму како играч и секогаш ќе бидам поврзан. Но, јас сум целосно фокусиран на работата што ја работам овде, имаме многу да направам и навистина уживам во тоа. Јас сум привилегиран што го водам Арсенал и сум исклучително среќен“, изјави Артета, објави „Скај“.

На прашањето дали би сакал да биде тренер на Барселона еден ден, Артета одговори:

„Денес и утре сум тренер на фудбалскиот клуб Арсенал, навистина уживам и сакам да бидам многу подобар отколку досега“.

Артета го освои ФА Купот со Арсенал минатата сезона, во кој дојде од Сити во декември 2019 година. Неговиот договор истекува во летото 2023 година.

На прашањето дали се започнати преговори за нов договор, Артета одговори одречно.

„Ние сме во среде сезоната, договорот не е приоритет во моментов. Имам договор и среќен сум овде, мислам дека (договорот) не е итен“, рече Артета.

Арсенал во моментов е 10-ти во Премиер лигата со 37 бода.

Слични содржини