274
Рочиштето за екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, беше одложено поради стравувањата дека еден од адвокатите вклучени во судењето бил изложен на Ковид-19.
Судијката Ванеса Бараистер го одложи судењето за во понеделник, откако дозна дека еден од адвокатите што ги застапуваат САД во случајот бил изложен на вирусот, пренесува Ројтерс.
Како што се наведува, адвокатот бил тестиран, а резултатите од тестот се очекуваат во петок.
Распитот на Асанж, чија екстрадиција се бара од САД поради наводен заговор, хакирање на владини компјутери и кршење на Законот за шпионажа, започна во понеделникот во Лондон.