Асанж пристигна на територија на САД, што е следно?

од Nikola Popovski
273 прегледи

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж синоќа пристигнал на територијата на САД на Северните Маријански Острови, каде се очекува официјално да се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија, објави Ројтерс.

Асанж во текот на денешниот ден треба да постигне договор со американското правосудство и, како што наведоа американските обвинители, тој се согласил да се изјасни за виновен по едно обвинение за заговор за добивање и откривање доверливи документи за националната одбрана на САД.

Викиликс претходно оопшти дека нивниот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители информирале дека треба да се изјасни за виновен оваа недела за прекршување на Законот за шпионажа на САД, во договор што може да го ослободи и да му овозможи да се врати дома до Австралија.

Основачот на Викиликс првпат беше уапсен во Велика Британија во 2010 година по европски налог за апсење, откако шведските власти соопштија дека сакаат да го испрашаат за обвиненија за сексуален криминал, кои подоцна беа отфрлени.

Тој побегна во амбасадата на Еквадор, каде што остана седум години, за да избегне екстрадиција во Шведска.

Асанж беше извлечен од амбасадата на Еквадор во 2019 година и беше затворен затоа што не платил кауција.

Оттогаш, тој беше во максимално обезбедуваниот затвор во Лондон, Белмарш, каде што речиси пет години се бореше против екстрадиција во САД.

Слични содржини