Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж се пожали во средата дека не може да ги следи расправиите за неговата екстрадиција во САД, додека неговите адвокати тврдат дека Велика Британија не треба да го екстрадира затоа што обвиненијата против него биле политички мотивирани.
На третиот ден од судското сослушување во Лондон, Асанж вели декаа тешко може да слушне од својата клупа што се случува во судницата и побарал да седне со неговите адвокати.
„Учествувам во ова исто како да го гледам Вимблдон“, му рече тој на судијата. „Не можам да комуницирам со моите адвокати и да ги прашам за појаснување“, додаде тој.
Адвокатите на Асанж ќе поднесат официјално барање во четврток за да го преместат од клупата на обвинети, откако судијката Ванеса Бараистер рече дека е сомнително дали тој технички сè уште би бил во притвор ако седне на друго место.
Таа објасни дека повеќето обвинети седеле нормално на клупата и не можат да направат исклучоци, но сепак побарала од адвокатите на Асанж да поднесат официјално барање.
Ејмс Луис, портпарол на владата на САД, рече дека не се противи на Асанж да седи на друго место во судницата, ако со лисици биде поврзан за судскиот полицаец.
САД минатата година побараа од Велика Британија да го екстрадираат Асанж, откако му беше укинат азилот во амбасадата на Еквадор. Таму помина седум години таму и се обиде да ја избегне екстрадицијата во Шведска под обвинение за силување, кое во меѓувреме беше повлечено.
Адвокатите велат дека 48-годишниот државјанин на Австралија и „свиркач“ нема да добие фер судење во САД и, доколку биде осуден, може да биде осуден на затворска казна до 175 години.
Асанж стана познат на почетокот на минатата деценија кога Викиликс објави класифициран воен запис на американскиот напад со хеликоптери „Апачи“ во 2007 година во Багдад, при што загинаа околу 10 лица, меѓу кои и двајца вработени новинари на „Ројтерс“.