Асистентката на Ким Кардашијан изјави дека таа ќе помага со ажурирање на апликацијата на познатата ѕвезда, додека таа го поминува времето закрепнувајќи.

Стефани Шепард сподели рачно напишана порака на нејзината веб страна kimkardashianwest.com давајќи им на знаење на нејзините обожаватели дека сепак ќе се споделува нова содржина додека Ким се опоравува од грабежот во Париз.

“Еј дечки, nајверојатно сте забележале дека не сме ја ажуриралe апликацијата неколку недели, затоа што Кикс(Ким) си го зема нејзиното одамна заслужено време за одмор. Но не грижете се, го повикавме нејзиното семејство и најблиските пријатели да помогнат околу ексклузивните извештаи.
Ви благодарам многу за вашата поддршка кон мојата девојка, ве сакам!” напиша Стефани.

Во меѓувреме Ким, за прв пат се појави во Лос Анџелес по грабежот во Париз во четвртокот.
35-годишната ѕвезда претрпе ужасен инцидент, кога беше врзана и заклучена во купатилото во нејзиниот апартман во Париз, додека 5 вооружани мажи го украдоа нејзиниот наикт, вреден 11 милиони долари.