Англиско-шведскиот производител на лекови „Астра зенека“ објави дека нивната терапија со моноклонални антитела, AZD7442, не помага во превенција на болеста од Ковид-19 кај лица кои биле изложени на коронавирус.
Во студијата учествувале невакцинирани лица постари од 18 години, кои стапиле во контакт со заразено лице во претходните осум дена, пренесува Ројтерс.
„Иако лекот не ја исполни главната цел за спречување на симптомите, ние сме охрабрени од заштитата што AZD7442 терапијата им ја пружи на учесниците со негативен PCR тест“, рече Мене Пангалос, извршен потпретседател за истражување и развој во „АстраЗенека“.