„АстраЗенека“ објави дека нејзината вакцина е ефикасна 90 проценти

од Vladimir Zorba

Британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ во понеделникот изјави дека доцните фази на тестирање покажале дека нејзината вакцина против коронавирус е ефикасна до 90 проценти, давајќи им на јавните здравствени власти надеж дека пристапот до вакцина е поевтина и полесна за дистрибуција од оние кои беа развиени од ривалски фирми.

Резултатите се базираат на преодни анализи на тестовите во Велика Британија и Бразил за вакцина развиена од Универзитетот Оксфорд и произведена од „АстраЗенека“. Нема пријавено хоспитализација или тешки случаи на КОВИД-19 меѓу оние кои примиле вакцина.

„АстраЗенека“ е трета голема фармацевтска компанија која ги објави резултатите од доцното тестирање на потенцијална вакцина за КОВИД-19 откако светот со нетрпение очекува да се стави крај на пандемијата што предизвика економско уништување и резултираше со скоро 1,4 милиони смртни случаи.

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ минатата недела објавија прелиминарни резултати од доцните фази на нивните испитувања што покажаа дека нивните вакцини биле скоро 95 проценти ефикасни.

Вакцините „АстраЗенека“, за разлика од ривалските компании, не мора да се чуваат на ултра ниски температури и полесно се дистрибуираат, особено во земјите во развој, пренесува АП.

Слични содржини